речник контакт

Нов паркинг за 55 возила

Лоциран е кај спортските терени до Гимназија

Петар Печков

Градот доби уште еден паркинг простор. Овој е изграден во дворот на Гимназијата, од задната страна кај спортските терени или спроти зградата на ЕВН.

Има капацитет од 55 возила, со површина од 1,5 илјади м2 а неговата вредност изнесува два милиони денари, средства обезбедени  од  локалниот Буџет.  

Тој за разлика од останатите  во градот е  осветлен.  Според локалната власт, за изминатите три години Велeс доби 463 нови паркинг места, на повеќе локации во градот.   

Според градоначалникот Чадиев, Велес е  единствениот град во Македонија, каде не се наплатува паркинг просторот. 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »