речник контакт

Нов паркинг близу ОУ Васил Главинов

Капацитетот за 60 возила, чини 1,3 милиони денари

Петар Печков

Заврши реконструкцијата на паркингот на улица Никола Карев во непосредна близина на Основното училиште „Васил Главинов“.

Со градежните активности изведени изминатиот период, поплочени се 1300 метри квадратни кои значително ќе влијаат за решавање на проблемот со недостиг на паркинг простор во овој дел од градот.

Капацитетот на новиот паркинг изнесува 60 возила. Проектот чини 1,3 милиони денари, средства од Општинскиот Буџет.

Во изминативе три и пол години Општина Велес решавајќи го  проблемот со недостиг на паркинг простор, изгради  13 паркинг простори со вкупно 660 места за паркирање, во различни делови на градот.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »