речник контакт

Нов протест со блокада на сообраќајниците, утрово на Независниот полициски синдикат

Се бара повисока плата за 25 отсто, но и социјални права

Петар Печков

И утрово, на приодот кон Велес, од правец на Штип, протестираа членовите на Независниот полициски синдикат. Во периодот од 7 до 9 часот, беше блокиран сообраќајот на магистралниот пат Велес -Штип, на штипска клучка. 

Вработени во полицијата, шумската, затворската и судската полиција од Велес  протестираа под мотото ,,Враќање на достоинството на полицијата,,.  Тие бараат повисоки плати за 25 отсто, но и поголеми социјални права.

Бараме признавање на  репрезентативноста на Независниот полициски синдикат, колективен договор со шумската и затворската полиција, владеење на правото во наведените институции и стоп со пресметки со синдикалните претставници - стои во писменото барање. Тоа  во понеделникот е  доставено и до Владата. 

Според најавите вакви протести утрово  имало и на приодите кон  Штип, Прилеп,  Виница, Прилеп, Кичево, Куманово, Тетово.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »