речник контакт

Нов состав на раководството на велешките социјал демократи

Избран новиот Извршен одбор кој бори 18 члена, нов секретар е Николче Димовски

Петар Печков

Избран е новиот Извршен одбор на велешкиот огранок на владејачката СДСМ. Него го избраа делегати  на  општинска изборна конференција а по предлог на  Стево Крстевски новиот претседател на ОО СДСМ за Велес.   

Брои  18 лица. Секретар е  Николче Димовски дипломиран економист. Членови се Александар Домазетов м-р по човечки ресурси, Анета Андова шумарски инженер, Аниса Мусиќ медицинска сестра, Душко Митиќ машински техничар, д-р Зоран Арсов спец. по ортопедија, Иван Орељ магистер по информациско комуникациски технологии, Илчо Стојанов дипломиран скулптор,  Јован  Јовановски  дипломиран професор по одделенска настава, Катерина Ефремова  дипломиран психолог,   Љупче Ничовски  дипломиран правник, Максуд Бакиовски  одделенски наставник,  Маре Амбаркова дипломиран педагог, Марија Левкова   магистер по применета лингвистика,  Пандорка Прличкова  апсолвент на техничко технолошки Факултет, Пенчо Петров   дипломиран информатичар.  Соња Мартинова дипломиран економски менаџер,  Верица Малинова професор по пред училишно воспитување

Надзорен одбор  на ОО СДСМ Велес се Билјана Филџанова Алтанова дипломиран земјоделски инженер, Васко Мечкаровски  дипломиран економист,  Душко Ќумбев дипломиран маркетинг менаџмент и  дипломиран менаџер по осигурување, Марија Цилакова  дипломиран правник,  Нино Мијаков  Менаџер за туризам и угостителство.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »