речник контакт

Норвежанец учи македонски мелос во Велес

Норвежанецот Бјорн Петер Тосен е повторно во Велес, годинава по втор пат

Петар Печков

Норвежанецот  Бјорн  Петер Тосен е повторно во Велес. Тој доаѓа четврта година по ред, со една цел да го усоврши свирењето на хармоника на македонски народна музика.   Тој работи заедно со оркестарот на КУД Керамичар. Тие добро се  познаваат оти на  Петер ова му е шесто заедничко дружење, бидејќи доаѓа и два пати годишно. 

Доаѓам да ги видам пријателите, земјата и се разбира да научам од Вашиот изворен фолклор.  Тука се усовршувам за свирење на хармоника. Имам уште што да учам. Луѓето овде ме прифатија како нивен, без оглед што доаѓам илјадници километри подалеку од тука, со различна култура и стил на живот - вели Тосен и низ насмевка вели дека половината пријатели од Фејсбук му се Македонци. 

Тој во Велес беше на почетокот од јуни, кога беше гостин и во емисијата ,,Зајди, зајди,, на Зоран Џорлев на ТВ Алфа,  за сега повторно да биде во градот каде го  усовршува  свирењето на хармоника.. Останува три седмици.   Петер е родум од норвешкиот град  Молде а пред некој ден тука во Велес, заедно со пријателите го славеше 20-тиот роденден. Тој вљубеник во македонскиот фолк  станал преку каналот ју тјуб.

Слушав Балканска музика, од Србија, Бугарија, БиХ и така дојдов до Вашата, која има многу ритми, многу убави бои.  Досега научив напамет да свирам дваесетина ора додека останати преку ноти. Работам на усовршување, на техниката на прстите. Имам и повеќе песни снимено, македонски за моја душа – рече Тосен.   

Хармониката  марка гверини ја свири од осумгодишна возраст, откако неговата мајка за роденден му го купила овој инструмент. И таа исто така свирела на хармоника, кој во Норвешка е многу редок, бидејќи малкумина го употребуваат и знаат на него да музицираат. Од есен започнува да студира на Универзитетот во Осло, на музичка академија, потесно за Балканската  музика.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »