речник контакт

Ноќеска тепачка во кафе бар

Полицијата ги привела шесте учесници од кои тројца побарале лекарска помош

Петар Печков

Ноќеска се случила тепачка во Велес, во која учествувале шест лица а тројца побарале лекарска помош. МВР со информација за настанот.

На 07.07.2018 година во 01,00 часот во Велес, на ул.„Алексо Демниевски“ во кафе-бар настанала тепачка помеѓу  лицата С. М (30), Д.М (22) и В.С (23) од с.Согле, општина Чашка, од една страна и од друга страна С.Т (43), К.Л (24) и И.А (32) сите од Велес. По физичката пресметка првата група лица се повлекле и го напуштиле кафе-барот, но почнале да фрлаат со камења по останатите тројца. Со телесни повреди се здобиле С.М, Д.М и В.С на кои им е укажана лекарска помош во ЈЗУ “Велес“ Учесниците во настанот се приведени во полициска станица и се работи на расчистување на случајот- соопштија од МВР. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »