речник контакт

Нумизматичка изложба Уметноста во мал формат

Околу илјада стари монети, некои и од 5 век п.н.е. пред велешани

Петар Печков

Во Народниот музеј во Велес отворена е Нумизматичка изложба насловена ,,Уметноста во мал формат,,. На јавноста од депоата на институцијата извадени се околу илјада  монети, некои  стари и до 2.8  илјади години, од античкиот се до средновековниот период. Пронајдени се на велешкиот регион и Повардарјето, до каде тој своевремено како регионален имал надлежности за работа. Изложбата е мала прошетка низ историјата, ја најави нејзиниот автор но и обид да се претстави нумизматичката слика на тлото на Македонија..

Изложените монети опфаќаат широк хронолошки   дијапазон  од 5 век п.н.е. се до 14 од н.е.. Целта на изложбата не е да се даде технички  аспект на монетата, колку што сакавме да обрнеме внимание на иконографијата, на тоа што е претставено на неа. Таа не била само платежно средство туку и  пропаганда на владетелот до поданиците, населението. Изложбата е именувана во мал формат, оти тоа се мали предмети, но носат многуслојна приказна од времето кога настанале    – изјави авторот Анита Василкова Мидова археолог, виш кустос во народниот музеј во Велес.

Збирката, сите монети кои се изложени се сопственост на Народниот музеј од Велес собирани низ годините, од 50-тите на минатиот век до денес.  Некои биле дел од поставката до 80-тите години, дел се прв пат пред јавноста.  Изложбата ќе биде отворена  половина година, до јуни следната година.

Како што се чита аверсот и реверсот од една монета, така се чита лицето и наличјето на историјата. Таа е  камче, дел од  мозаикот на историската слика на тоа време. Преку овие монети се следи историјата на уметноста, потоа  економската моќ на одредена територија, одреден владетел. Задната страна на парите открива увид во религиозните верување, во обичаите, во начинот на размислување. Во време на кризи, кога моќта на престолот зависела од војската се величала токму таа. Некои монети имаат претстави на специфични божества, тие што посебно ги почитувале или со кои сакале да ја наметнат својата религија и верувања     – вели Мидова.

Монетоковањето е  приказ на политичката и економската моќ на владетелите, државите, градовите.  Кованите монети како отворена книга  пренесуваат редица податоци за животот  на античките и средновековните жители на територијата ан Македонија.   Малиот формат бил голем предизвик за авторите на парите да се претстават  сцени од животот, митологијата, што е творечи предизвик.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »