речник контакт

ОУ Блаже Конески во еко акција ce собраа 410 кг пластика ,1410 кг хартија, 7кг батерии, 10 тина парчиња електронски отпад

Во собирната акција за Денот на планетата Земја освен учениците и нивните родители, вработените, годинава беа вклучени и соседите од околината на училиштето

Петар Печков

За Денот на Планетата Земја учениците и вработените  ОУ,,Блаже Конески во петокот организираа собирни акциии на пастика и хартија  како и собирање на електронски отпад ,батерии. Оваа активност беше   во пресрет на 22 Април -Денот на планетата Земја ,а на покана на Здружението на граѓани ОХО.  Училиштето  годинава се вклучи со реализација  иновативни идеи за подигнање на  еколошка свест и  создавање  позитивни промени кои ќе доведат до поодржлива иднина. 

Иновација беше  вклучувањето на локалното население кое гравитира околу училиштето во сите собирни акции и активности .Со задоволство можеме да истакнеме дека имавме масовно вклучување и на родителите и бизнис секторот во овие собирни акции. За поздравување беше и уредувањето на внтрешноста на училиштето со цртање и фарбање со еколошки бои и со пригодни пораки за нашите ученици. Резултат од овие активности се собрани 410 кг  пластика, 1410 кг хартија, 7кг батерии,  10 тина парчиња електронски отпад   –изјави Славица Петрова  одделенски наставник во училиштето 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »