Петар Печков
Објавено: вторник, 25 јуни 2024
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда, како и Загрозување на сигурноста. Делата ги сторил при вршење семејно насилство врз сопствената мајка.
„На 17 јуни, по вербална расправија во домот, обвинетиот ја удрил мајка му со бокс во главата, па започнал да ја дави, нанесувајќи и телесни повреди – хематоми. Зел нож од кујната со кој и се заканил дека ќе ја убие. На 19 јуни побарал од мајката да му даде пари. Откако му рекла дека нема, повторно со нож и се заканил дека ќе ја убие, со што кај неа предизвикал вознемиреност и страв“ – соопштија од ОЈО Велес.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Велес поднел и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, кој што живее во истата семејна заедница со жртвата и има можност да го повторува семејното насилство. Исто така, постоеле околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.
Судот го прифатил предлогот на јавниот обвинител и определил притворска мерка за обвинетиот.
Претходно СВР Велес излезе со информација за настанот.
„На 19 јуни во 14.20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.К.(27 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46 – годишна мајка дека во семејниот дом физички ја нападнал и се обидел да ја нападне и со остар предмет“.- соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
Tweet |