речник контакт

Обвинителството бара од судот сите 43 „играорци“ од Гевгелија да бидат казнети со по илјада евра

Орото се случи во време на полициски час на 20 април, на Велигден

Петар Печков

Гевгелиското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против 43 лица кои го сториле кривичното дело –  Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Од обвинетите, 30 лица се обвинети затоа што на 19 април 2020 година, за време кога во сила била забраната за движење, излегле од своите домови и на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија играле оро, на претходно пуштена музика. Обвинетите со тоа, постапиле спротивно на забраната за движење, односно полицискиот час и не ја почитувале Одлуката на Владата  со која се предвидуваат мерки за спречување на натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од вирусот  COVID-19 - пишува во соопштението.

Останатите 13 лица, го сториле кривичното дело движејќи се пеш или со возила за време на полициски час.

Основното јавно обвинителство Гевгелија  ги достави предлозите со кои му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со висина од по 10 евра во денарска противвредност.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »