речник контакт

Образованието се враќа на корените

„Ќе го полираш ова многу понежно, треба да го чувствуваш материјалот“, му рече на калфата Неџбедин Буши, златара „Раф-Раф“.

Никола Солев

„Ќе го полираш ова многу понежно, треба да го чувствуваш материјалот“, му рече на калфата Неџбедин Буши, златара „Раф-Раф“. Вака мајстор Неџбедин го подучува својот чирак за златарскиот занает. Метин, иако е средношколец во економско, секој слободен миг го поминува во дуќанот. „Од сите занаети јас го одбрав златарството, затоа што многу ми се допаѓа и се чувствувам многу слободен кога работам со мајсторот“, изјави Метин Буши, средношколец во „Арсение Јовков“. Тешко е да се најде калфа во денешно време за да се продолжи занаетот, вели мајсторот. Учениците немаат избор. Ако се посветат на ваква работа, остануваат без формална диплома. „Со занает децата се ограничени. Значи, учат средно и после тоа немаат друга перспектива, мора да се определат за занаетот и само занаетот. Ни фали наука околу занаетот“, вели Неџбедин Буши. Со предлог законот за средно стручно образование и овој вид на школување ќе се стави во формална рамка. Законот пред се е наменет за тригодишното стручно образование. „Учениците ќе можат многу повеќе да се оспособат со нивната пракса, кога ќе завршат стручно образование и обука, да бидат вклучени во пазарот на трудот“, рече Агим Фазлиу, раководител на сектор за средно образование. Програмите за овој тип на настава ќе опфаќаат повеќе пракса, а помалку теорија. Занаетчиската комора ќе посредува меѓу училиштата и работодавците. Само мајсторите кои ги исполнуваат критериумите ќе можат да земат ученик. Ќе се добива мајсторска диплома. „Занаетчиските комори ќе добијат овластувања во однос на полагањето на мајсторски испит, како и зголемување на практичната обука на учениците што ќе се спроведува во занаетчиските претпријатија“, изјави Оливија Тасиќ, Знаетчиска комора. Законот е во две фази. Во собраниска процедура треба да влезе во првата половина од март. Извор: Билјана Стефковска ([url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=58970]A1[/url])

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »