речник контакт

Овој понеделник не започна санацијата на карпите на Цуцка, ама ќе почнела другиот понеделник

Инвеститорот со едно објаснување, изведувачот со друго

Петар Печков

Почетокот  на санацијата на карпата Цуцка  никако да започне. Беше најавена по Божик, но бидејќи било ладно се одложи за подоцна. Откако со писмено соопштение, пред седум дена инвеститорот ЈП за државни патишта, информираше дека работите ќе започнат на 17-ти завчера во понеделникот,  по три дена, вклучувајќи го и денес среда нема никакви градежни зафати. 

Во два медиуми две различни информации, зошто нема работни активности на терен, инвеститорот со едно, изведувачот со друго.  За Македонската информативна агенција МИА,  изведувачот  Блаже Петров од „Стентон Градба"  фирмата која на тендер ги доби работите,  информира дека има два проблеми.

Првиот проблем е да се исклучи струјата од  ЈП Македонски железници заради безбедност при работа на работниците. Второ се  појави мал проблем  каде што ќе биде  самиот темел на  потпорниот  ѕид навлегува неколку сантиметри од трупот на железничката пруга, а треба да се изгради  и канал помеѓу пругата и самиот потпорен ѕид, а што е пропуст на проектантот. Разговараме  и преговараме со вработените  во ЈП „Македонски железници"   и се надевам овие мали пропусти ќе ги надминеме до крајот на неделава. Очекувам дека градежните работи со задоцнување од една недела  ќе стартуваат идниот понеделник.

Од друга страна за 24 вести, инвеститорот ЈП за државни патишта испратиле друго објаснување со фотографии од поставени столбови за сообраќајни знаци, монтирани деновиве, за кои велат дека се во функција на градежните работи и дека тоа е дел од активноста.

Почеток на изведба на работа не значи само механизација на одреденото место и извршување на работа, туку процесот подразбира и соодветна подготовка на теренот.. Па така, во моментов се вршат подготвителни работи со поставување на сообраќајна сигнализација согласно сообраќајниот проект и добиено одобрение за времена измена на режим на сообраќај за време на санација на свлечиште. Исто така, се обезбедуваат технички услови од Македонски железници за работа на санацијата на постоечкиот потпорен ѕид поради постоењето на високонапонски кабел во непосредната близина на ѕидот кој мора да биде исклучен за време на правењето на санацијата.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »