речник контакт

Овчар се обидел да силува дете кај Чичево, во Ореше гореше автомобил

Кај црквата Св. Спас заради расправија во сообраќај, физички нападат возачот на автомобил

Петар Печков

МВР информираше за три настани кои се случија продолжениот празничен викенд, во велешко.  

На 2-ри мај  во 14,30 ч. било пријавено дека истиот ден околу 9 часот во нива во село Чичево- на место викано “Подколец“ М.В.(47) од Косово, кој работел како најмен овчар се обидел да изврши обљуба врз 16 годишен малолетник. Детето успеало да избега - соопшти МВР.

Осомничениот бил приведен во полициска станица, известен е Јавен обвинител и се превземаат мерки за расчистување на случајот.

На 3-ти мај  во СВР Велес е пријавено дека во 02.30 часот во село Ореше настанал пожар на возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Н.(40) - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.  Извршен бил увид на местото на настанот, по што ќе бидат познати причините за пожарот.

На 3.-ти мај . околу 9.30 часот на ул.„Прохор Пчински“, во близина на црквата „Св.Спас“ во Велес, по претходна расправија во сообраќајот, Д.Л.(28) бил физички нападнат од Д.А.(32), и двајцата од Велес. По целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе биде поднесена соодветна пријава - информираше  Додевски.   

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »