речник контакт

Овче Поле без вода за наводнување

Десет дена стотици хектари се без вода за поливање, земјоделците од Лозово стравуваат за родот

Петар Печков

Десет дена без вода за поливање се стотици хектари земјоделски површини од југоисточниот дел на Овче поле. И така сушниот дел на ова житница сега е уше пожеден.   Тутунот, лозјата, бостанот  се сушат, откако Хидромелиортивниот Брегалница иако најави дека водата ќе им биде пуштена денес, тоа не се случи. Селаните се плашат дека пеколните горештини ќе им го уништат родот.

Десет дена да се нема вода на овие жештини е катастрофа. Се што работевме ќе се уништи. Иако неколку пати реагиравме до надлежните, вода не пуштаат. Како ќе имаме род, кога вода нема – велат земјоделците од Лозово.

Освен нивните полиња сушни се у тие во Каратманово, Дорфулија, Сарамзалино, во сите десетина села од општината. И додека земјоделците, за прекумерните рестрикции, го обвинуваат директорот на Брегалничкиот систем Горан Зашов, тој  одговара дека ЈВП работи според утврдена динамика и рамномерно ја распределувала количината на вода за наводнување во цело Овче Поле. 

Тој тврдеше дека според распоредот досега  наводнувале земјоделците од Мустафино и Ерџелија а од денес ќе ја користат  селата кои стравуваа оти се без вода. Но тоа не се случи. Водата кои тие ја очекуваат треба да дојде од езерото Калиманци.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »