речник контакт

Огномет со кој испробувал дали муницијата му е квалитетна

Жител на Чашка за да испроба дали муницијата со која располага е квалитетна, дел од неа, фрлил во оган, по што таа почнала да пука па го довел во опасност животот на неговото семејство.

Петар Печков

 
СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Д. (44) од нас.Чашка-Велес за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „предизвикување општа опасност“.

Инцидентот се случил на 2 април годинава, во дворот од куќата на пријавениот. Тој неовластено држел поголема количина муниција,  па истиот запалил оган со намера да испроба дали муницијата се уште е активна. За таа цел ја фрлил во огнот, а по кратко време настанало испукување на истата, предизвикувајќи опасност по животот на неговото семејство и другите жители од населбата.

 По ова полициајта  извршила претрес  во домот на Р.Д. и се пронајдени 22 куршуми кал.7,9 мм и шест маневарски куршуми.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »