речник контакт

Ограбена бензинската на Макпетрол, на автопатот кај Велес

Под закан од пиштол одземени се 22 илјади денари и приватниот автомобил на вработениот

Петар Печков

Непознат сторител утрово околу 3,45 часот со закана по живот од вработениот  на бензинската пумпа на ,,Макпетрол,, број 072  на автопатот Скопје – Велес, во близина на  градот, одзел пари а со неговото возило и побегнал.

Според СВР Велес разбојникот бил маскиран со фантомка, влегол во бензинската и на вработениот   З.П. (43 год) му вперил пиштол и  по закана по живот му би побарал парите што ги има. Тој во касата имал 22 илјади денари, ги дали сите пари.  Драмата  станала кога  напаѓачот му ги побарал клучевите од приватниот автомобил а вработениот, во тие моменти не можел да се сети каде се, почнал да ги бара во фиоките но ги немало.

Напаѓачот бил мошне агресивен , нервозен за да ги добие клучевите,му се заканувал, по што  З.П. се сетил дека се внатре во автомобилот , му кажал на разбојникот. Тој ги пронашол,  го стартувал ,,рено меган,, и побегнал со него и парите, по автопат. Велешката полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Минатата година во Велес беа ограбени  три бензински пумпи под закана со пиштол   а сторителите се уште не се пронајдени. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »