речник контакт

Ограбена жена

Велешанката А.Р (36 год) во вторникот вечерта била нападната додека си одела дома, откако претходно пазарела во блискиот маркет.

Петар Печков

Велешанката А.Р (36 год) во вторникот вечерта била нападната додека си одела дома, откако претходно пазарела во блискиот маркет. Настанот се случил околу 21,45 часот на улицата Петар Михов, во месноста Варналиите кога тогаш непознато лице и притрчало од зад грб и сакало да и го украде паричникот.

При ова настанала борба во која напаѓачот успеал да го одземе паричникот и да избега во блиските сокаци.

Тој ја следел жената во маркетот и откако видел дека таа со сeбе носи повисока сума на пари, решил да ја нападне. Во него имало 8,5 илјади денари како и возачка дозвола и лична карта.

Оштетената А.Р. настанот веднаш го пријавила во полиција а СВР Велес успеа да го открие сторителот.

Тоа е малолетникот И.Д. (16 год) кој заработи и кривична пријава за дрска кражба.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »