речник контакт

Ограбен салонот на ОНЕ во Велес

Украдени скапи мобилни телефони

Петар Печков

Продажниот салон на телекомуникацискиот оператор ОНЕ во Велес,бил ограбен ноќеска. При кражбата, непознат(и) сторител((и) однеле скапи мобилни телефони и еден вреден рачен часовник.  Од полицијата го потврдија кражбата.

Тешката кражба е извршена околу 1,30 по полноќ, со кршење на стаклото од влезната врата. Потоа е скршна и витрината каде стоеле мобилните телефони, при што се украдени 20 парчиња различни марки и еден рачен часовник - изјавија од СВР Велес.

Иако салонот се наоѓа во центарот на градот, на улица Страшо Пинџур 1, никој од соседите не гo видел сторителот(е). Меѓу украдените телефони има и од  најактуелните модели  ајфон, самсунг а часовникот е од вредна марка.

ОНЕ дополнително ќе ја достави проценетата материјална штета. Од полицијата информираа дека трагаат по сторителот на тешката кражба.    

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »