речник контакт

Ограничување на собирањето и откупот на плодови на модра смрека во 2013 година

Дрвата не смeат да се сечат, оголуваат, откорнуваат, собираат незрели плодови

Петар Печков

Согледувајќи ја состојбата на предвремено собирање и откуп на несозреани плодови од модра смрека на теренот, а по барање на регистрираните откупни фирми,  ЈП “Македонски шуми“ го ограничува времето за собирање и откуп на модра смрека во 2013 година.  Собирањето и откупот започнуваат на 1-ви Септември и траат до 15-ти  Ноември 2013 година. Пред овој датум забрането е собирање и откуп на плодови модра смрека.

Овластените контролни органи кои може да ги одземат собирачките дозволи од физички лица - собирачи, доколку собираат пред 1-ви Септември 2013 година, или утврдат неправилности при собирањето и евидентни штети на популацијата модра смрека (откорнување на цели стебла, сечење гранки, оголување на стебла, собирање незрели плодови и друго). Забрана за откуп ќе биде изречена и на правните лица – фирми ако откупуваат плодови модра смрека пред 1-ви Септември 2013 година, откупуваат незрели плодови, употребуваат несоодветна амбалажа и садови, и нехигиенско чување и складирање на плодовите во откупните пунктови.

Модра смрека- (Juniperus communis)

Повеќегодишно растение кое расте на повисоки места. Се употребува против бронхит и воспаление на респираторните органи. Плодовите се добри регулатори на метаболизмот. Од смрека се добива клековата ракија која е позната, а бањите од листовите на смрека ја подобруваат циркулацијата. Смрекинките имаат остар вкус кога се јадат сирови, па затоа често на пазарот се наоѓаат сушени и се користат како зачин при готвење месо и сосови. Џинот како главна состојка содржи смрека, па затоа и се нарекува “џин” според францускиот збор за смрека (genièvre).

De materia medica (стара книга, една од највлијателните во историјата која зборува за билките и медицината) вели дека смрекинките служеле како контрацептивно средство. Пред самиот чин на спојување на мажот и жената тие ги премачкувале половите органи со цел да се заштитат од непосакувана бременост. Смреката не е препорачливо да ја користат бремени жени во било која фаза од бременоста. Домородното Индијанско население, кое живеело на територија на денешна Америка, ја користело смреката како лек за инфекции на уринарниот тракт, но во умерени дози.

Западните племиња го комбинирале плодот од смрека со коренот од Кисел трн (Berberis vulgaris) во напивка која ја користеле за лечење на дијабетес. Клиничките тестирања покажуваат дека овој третман е мошне ефикасен кај пациенти кои боледуваат од инсулин- зависен дијабетес.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »