речник контакт

Одбележан Светскиот ден на бездомните животни

Здружението ,,Гласот на животните,, има згрижено 80 бездомни кучиња и 10 мачки за кои секојдневно се грижат, обезбедуваат храна, ги лекуваат.

Петар Печков

Светскиот ден на бездомните животни, го одбележаа и велешките активисти од здружението  ,,Гласот на животните,, .

Во Младинскиот парк, со домашно подготвена солена и блага храна, истата таа ја нудеа за продажба. Се продаваше и домашно цвеќе.  

Собраните средства се наменети за стерилизација и за кастрација на  уличните кучиња.  

За забава имаше и музика во живо, што говори за сериозниот пристап на членовите за одбележувае на нивниот ден.

Здружението ,,Гласот на животните,,  во нивниот простор кај зоната Узус имаат згрижено 80 бездомни кучиња  и 10 мачки за кои секојдневно се грижат, обезбедуваат храна, ги лекуваат.  Како ли градот би изгледал кога овие животни би се нашле повторно на улица?  

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »