речник контакт

Одбележан Св. Пантелејмон, светец заштитник на Велес (фото)

Св. Пантелејмон ги штител велешани од болести и го спасил населението од епидемии кои се појавиле во Велес

Петар Печков

Со празнична Архиерејска Божествена Литургија одржана во храмот Св. Пантелејмон, денес се одбележа  верскиот празник на Велес. Св. Пантелејмон е светец заштитник на градот и во негова чест, неговото Блаженство Господин господин Стефан Поглавар на МПЦ –ОА,  заедно со Митрополит Повардарски Агатангел – Владика на Повардарската Епархија,   Митрополитот Иларион и свештеници од Македонската Православна црква во соборниот храм „Св. Вмч. Пантелејмон“ одржаа Архиерејска Божествена Литургија. 

Вчеравечер, вторникот попладне во дворот на црквата со пригодна уметничка   програма  и вечерна богослужба  исто така се празнуваше Св. Пантелејмон.   На оваа свеченост говореше Владиката Агатангел и заменикот градоначалник на Општина Велес Петре Саздов.   

Осма година по ред се чествува Св. Пантелејмон како заштитник на градот. Се  смета дека тој ги штител велешани од болести и го спасил населението од епидемии кои се појавиле во Велес. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »