речник контакт

Одбележан 18 август роденденот на АРМ

Со скормна свеченост но пред голем број гости одбележан роденденот на АРМ, институцијата на која граѓаните најмногу и веруваат

Петар Печков

Илинден  1903 и АСНОМ 1944 се  камен темелникот на Македонската држава и вековната борба за сопствена држава. На 18 август  пред 68 години На Славеј Планина, Дебарца, од припадници на Битолско-преспанскиот НОП одред „Даме Груев“, од Велешкиот НОП одред „Димитар Влахов“, од Прилепскиот НОП одред „Ѓорче Петров“ и од новодојдени борци од територијата на Дебарца, се формира Првиот македонски НОП баталјон „Мирче Ацев“. Тоа е првата регуларна единица на  НОВ, настан кој се одбележуваа  како ден на Армијата на Република Македонија.  

Изминатите 20 години сопствена држава, се раст и развој на Армијата. Таа во овој период ја создаваше сопствената но и историјата на државата. По успешната трансформација се создаде мала и мобилна но добро обучена армија, респектабилен партнер на НАТО. Таа со својот придонес во мирот во светот одамна го заслужува членството во оваа организација.  Во времето на НОВ имавме 20 бригади, три корпуси со 66 илјади борци од кои 24 илјади ги положија своите животи – рече Љупчо Костовски командант на велешката Команда за обука. Во рамките на обележувањето на 18-ти август денот на АРМ  во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман беше отворена изложбата на црно-бели фотографии на Велес, некои стари и по 150 години.

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »