речник контакт

Одбиено барањето на адвокатите во случајот убиството во Орешe

Останува предметот да го работат судијките Милева и Гајдова

Петар Печков

Барањето за изземање на судијките Тања Милева и Габриела Гајдова  во предметот убиството во Ореше е отфрлено од страна на  претседателот на Основниот суд  во Велес. Образложението е дека тие не учествувале во  кривично предмет, на што се жалеа бранителите.

По ова останува овие две судијки на први април да го започнат четвртото судење за  убиството на Лазо Милошевски, кое се случи на 2-ри декември 2005-тата година. За ова обвинети се Ѓоре Петревски како нарачател  и браќата Ордан и Љупчо Георгиевски како  сторители.

Нивните бранители претходно побраа изземање на двете нови судијки во овој предмет, оти тие учествувале во  Кривичен совет, едната пет   пати, другата еднаш при одредувањето на  мерката продолжување на притвор за обвинетите.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »