речник контакт

Одбојкарите елиминирани од купот од штипските студенти

Започна пролетниот дел од првенството на Трета лига југ

Петар Печков

Неочекувано, но сосема заслужни одбојкарите  на Борец се елиминирани од Купот, штипските студнети им одржаа лекција на велешани. Загубија дома од УГД Студенти, два пати. Вчеравечер дома со 3:1 (-19, 26, 21,19). Првиот натпревар пред недела дена  во Штип исто тага го загубија тогаш со 3:2 иако водеа со 2:0.   Слабата игра на велешани, кои немаа ниту борбеност, резултираше со пораз од младиот состав од Штип, кој се бореше и ,,гинеше,,за  секоја топка.  Така на  велешани им останува да  се посветат само на првенството. Веќе в сабота играат со второпласираната екипа на Струмица а велешани се трети. Тоа би требало да биде дерби на колото, но по слабата игра на  Борец со Студент, прашање е колку отпор можат да дадат.    

Започна пролетниот дел до првенството на Третата лига Југ.  За велешките екипи две победи и еден пораз.

Борец на гостувањето во Дојран  против Дојранско езеро  кој е 10-ти, победи со 4:0. Превалец дома славеше тесно со 3:2 против Големо Коњари, кој е 12 од 13 екипи. Гемиџии дома загуби од лидерот Кожув од Гевгелија со 4:0.  

По ова кола Борец се најде на 2-то место, Превалец и натаму е 5-ти а Гемиџии се 6-тил. Во следното коло Гемиџии играат повторно дома  овој пат со Дојранско езеро,    Превалец во Крушево на Питу Гули кој е  8-ми со 16 бода и 4 победи, додека Борец во дербито игра во прилепско Крушеане со Напредок.   Домаќините со 29 имаат шанси и се борат  за третото место, кое води во Втората лига. 

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »