речник контакт

Одбојкарките на Форшпед и одбојкарите на Борец победија

Актуелна само одбојката на спортски план

Петар Печков

 Во машката одбојкарска лига екипата на Борец на домашен терен победи со максимални 3:0, против  претпоследниот на табелата и се зацврсти на средината. Борец  Брако - Сушево 3:0 (25:20, 25:17, 25:17) и по ова осмо коло велешани се петти со четири победи и три порази.

Во женската одбојкарска лига  Со иста мерка врати Форшпед во саботата вечерта, кога со максимален резултат го порази Бами Кор во Велес и ги израмни сметките со "медицинарките" сезонава. Форшпед  ја искористи најдобрата опција за да дојде до трите бода, кои и ја донесоа и третата позиција на табелата, поради подобрата сет разлика со тетовчанки.  Форшпед - Бами Кор 3:0 (25:15, 25:19, 25:16). 

Женската екипа на Борец загуби во гостувањето од универзитетската екипа на Гоце Делчев, во дербито од дното на табелата Гоце Делчев - Борец Брако 3:0 (25:18, 25:11, 25:21). Так сега велешанки по осум кола се седми со само една победа. В недела се игра последното есенско коло и во машката и во женската одбојкарска лига.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »