речник контакт

Одбојкарскиот репрезентативец Андонов премина во ГОК Борец

Риболовците од Србија доминираа на риболовниот куп ,,Кркушка,,. Стартуваа фудбалерките во Прва лига и трите велешки клуба во Трета лига. Во 1/8 од Купот Борец против освојувачот Пелистер

Петар Печков

Иван Андонов, репрезентативец на Македонија, е првото засилување на велешки ГОК Борец за новата сезона. Со овој трансфер велешани најавуваат дека имаат  посилни амбиции од  ланските, кога беа полуфиналисти во разигрувањето за титулата првак на Македонија.

На велешко езеро во неделата се одржа 7-миот риболовен куп, во организација на Здружението на спортски риболовци ,,Кркушка,,. Во  конкуренција на 16 екипи победи Нишава од Ниш, пред Бистро  Алексинац исто така од Србија а трети беа риболовците од велешка бабуна. Доминацијата на гостите од север беше целосна во поединечна конгруенција, каде  победи Митиќ Александар, пред Влада Живановиќ и Слободан Крстиќ.

Започнаа натпреварите од Првата женска фудбалска  лига, каде велешки Борец на гостувањето кај првакот Истатов  во Дојран  заврши со висок пораз од  10:4.Во следното коло, дома ЖФК Борец ја пречекува екипата на Атлетико од Битола која дури со 9:0 ја победи екипата ан ЖФК Тетово.  

Стартуваше и Третата лига Центар каде настапуваат три велешки екипи. Бабуна дома победи со   4:2 над  ФК Партизан од Обршани –прилепско, Илинден од Башино село победи  со 4:1 над  ФК Габер од Ваташа. Третиот лигаш во оваа конкуренција ФК Превалец на гостувањето во  Росоман загуби  со 2:0. Од истоимената екипа. Следното коло  ФК Бабуна игра повторно дома, овој пат со  ФК Братство од Прилеп,  ФК Превалец игра дома со Вардар Неготино,   Илинден БС гостува во прилепско  Крушеане  на Напредок.    

Извршена е ждрепката за фудбалскиот куп, осмина финале. Велешки Борец 1919 игра со бранителот на Купот, битолски Пелистер. Првиот  натпревар на 13 септември се игра во Битола а реваншот  е  на 18 октомври нa Градски во Велес со почеток од 14,30ч.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »