речник контакт

Одбојкар(к)ите без финале

И двете екипи, машката и женската елиминирани

Петар Печков

Одбојкарките на Форпшед неочекувано загубија со максимални 3:0, дома во салата Гемиџии од екипата на Македонија Макс од Струмица.  Иако во првиот натпревар велешанки се радуваа со 3:2 како гостинки, овој пат потфрлија со што  не се пласираа за финалето и не го повторија ланскиот резултат.  Форшпед повторно ќе играат со струмичанки в сабота реванш средба од разигрувањето за шампионската титула - полуфинале. Во првиот натпревар во Струмица победи Македонија Макс со 3:2. Се игра на две победи.  Противникот во финалето е екипата на Форца Волеј од Скопје.

И машката екипа на Борец Брако  не успеа да се пласира во финалето за  купот, откако загуби во Тетово од Лирија со 3:0. Со ист резултат тетовчани победија и на првата средба во Велес. Со ова за машката екипа на Борец Брако заврши пролетниот дел од одбојкарското првенство.

Фудбалерите на Борец во Третата лига југ продолжуваат со победи. Во вонредното коло ја победија екипата на Братство со 2:0. Со воа теи се се поблизу до баражот за влез во Втора лига.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »