речник контакт

Одбојка на песок, доминација на Албанците

И во машка и во женска конкуренција победија двојките од Албанија пред Косоварие на меѓународниот турнир во одбојка на песок кој се одржа во Велес

Петар Печков

На традиционалниот меѓународен турнир во одбојка на песок, трет по ред, кој изминатиот викенд се одржа на игралиштето во Градскиот парк победија и во машка и во женска конкуренција двојките од Албанија кои во финалните двобои славеа над двојките од Косово со идентични 2:1. Третото место за Македонците.

Кај жените победија Есмералда Тучи и Ада Пренга од Албанија пред Назмие Ибрахими и Вилдане Јашари од Косово кои лани беа први а трети се Ивана Митушева и Бранкица Блажевска. Кај мажите победија Газменд Хусај и Валони Никуи од Албанија  пред Бахри Гиновци и Лорик Илази од Косово а трети беа Скендер Лајки и Адријатик Кајтази од Македонија. На турнирот учествуваа 50-тина одбојкари. Организатор беше ОК Борец а финансиски поддржан од Општина Велес.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »