речник контакт

Одбраната не дозволила да се пуштат видео снимки од домот на Манев, собирање на обвинетите за убиството на Панче

„На видеата се гледа нивното собирање околу убиството на Панче Жежовски“ - рече обвинителката

Петар Печков

Обвинителство денеска предложи и да се изведат шест ЦД дискови со видеа од безбедносните камери поставени на куќата на обвинетиот Велибор Манев од населба Дурутовец, на кои се наоѓа материјал од безбедносните камери, кој ги опфаќа деновите од 20.11 до 3.12 2023 година со 24 часовен надзор.

„На видеата се гледа нивното собирање околу убиството на Панче Жежовски“ - рече обвинителката.

Одбраната на Палевски не прифатила да се изведат доказите од причина што не се наведени во листата на докази и побара дополнително време за увид во истите. Судот ја одложи расправата за 21 февруари.

Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски претходно се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче Вања  со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче,  беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »