речник контакт

Одложено стечајното рочиште за Фени

Синдикатот реагира ништо од брзото решавање на Фени а поминаа три месеци

Петар Печков

Испитното рочиште за финансиско материјалната состојба на АД Фени во стечај и Извештајното Собрание на доверители, кои денес требаше да се одржат во Основен суд Велес, не се одржаа.   Откако еден час присутните адвокати и застапници, повеќе од 70 лица се легитимираа,  стечајната судијка Валентина  Ѓоргиевска кажа дека рочиштето се одлага. 

Бидејќи има поднесено жалба до Апелација, за отварањето на сечај на АД Фени, предметот не е кај мене и не можам да работам  по него - рече кратко судијката Ѓоргиевска. Таа го одложи испитното рочиште  и извештајното  Собрание на доверители за 7- ми февруари. 

На дневен ред не беа точки за отворање понуди  за продажба или давање на закуп на компанијата, туку подготвително рочиште за констатирање на побарувања од страна на доверителите.   

Одлагањето на стечајната  постапака, не оди во прилог на вработените, тоа го констатира претставникот на   Синдикатот на СИЕР Стојко Мурџевалески, кој ги застапуваше 762 вработени во Фени.

Бараме стечајот што побргу да заврши и вработените да бидат ангажирани од било кој инвеститор.  Уште на  почеток кажавме дека стечајот како постапка нема можност да се заврши така кратко, како што се најавуваше. Ако се проследат сите рокови, без приговори, жалби, одложување, би траел неколку месеци. А во овој случај имаме баш жалби, приговори. Минаа три месеци а стечајот сеуште не е  почнат - рече Мурџевалески.  

Во очекување на исходот од рочиштето, беа и дваесетина транспротери од Кавдараци и околината. Тие биле ангажирани во  сестринска фирма на  Фени и се жалат дека од март лани не добиле никакви средства за услугата која ја вршат.

Имаме побарувања од  четири милиони евра од ,,Нова логистика,,. Имаме договори со неа, и на секои 120 дена ги продолжуваме. Ние сме 60 транспортери со 200 камиони. Никој нема одговор за нашиот  проблем, ќе бараме  и од  Комерцијална Банка и од вицепремиерот Анѓушев - рече Душко Пауновски од Здружението на транспортери , во кое членуваат возачи од Кавадарци и Росоман. 

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »