речник контакт

Одлуките на Советите по 24 март не важат

Вон сила е одлуката за неплаќање на вода за социјално ранливите категории, ценовникот за користење на салата Бели мугри и одземањето на титулата почесен граѓанин на Трифун Костовски

Петар Печков

Сите одлуки на  Советот на Општина Велес донесени после 24 март годинава, се поништени. Ова е одлука на Државниот инспекторат за локална самоуправа. Taa се однесува на сите одлуки на Советите од 84-те општини во Република Македонија, бидјеќи им поминал мандатот.  

Мандатот на советниците во општините согласно член 35 став 1 од Законот за локална самоуправа е 4 години и тој со оглед на последните локални избори кои се одржани на 24 март 2013 е со истечен мандат од 24 март 2017. Сите одлуки кои советите на општините ги донеле по овој датум од страна на Инспекторатот се поништени и ставени вон сила, а никаква евентуална законска измена од Собранието нема ретроактивно дејство – укажуваат во писменото соопштение од  Инспекторатот. 

Со ваквото нивно соопштение повеќе одлуки на велешкиот Совет не се повеќе во важност, донесени на последните четири  седници.  

Меѓу нив се и  Предлог-одлука за ослободување од плаќање на сметките за вода и комуналии на социјално загрозени семејства донесена на седница одржана на 27 март, 

Предлог-решение за давање согласност на Одлука за усвојување на ценовник за користење на салата Бели мугри и медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес на седница на 12 април  

Предлог-одлука за престанок на важност на Одлуката за прогласување на почесен граѓанин на Општина Велес донесена на 10 мај .

Или не се во сила ослободувањето за не плаќање на вода од социјално ранливите категории граѓани, новиот ценовник за наплата на користење на салата Бели мугри  и медиотеката како и  тоа дека Трифун Костовски не е повеќе почесен граѓанин на  Велес. 

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »