речник контакт

Одморџиите го донесоа ковид-19 во градот, а заразија и членови на семејствата

Повеќето заразени со корона вирусот за изминатите 12 дена се млади сограѓани

Петар Печков

За 12 дена од август, 23 велешани биле позитивни на ковид-19 а безмалку исто толку и оздравеле.

Ова е статаисткита за последната декада од месец август, од 20-ти до 31-ви, според податоците од Министерството за здравство. Или секој ден по двајца жители се заразиле со корона вирусот а и толку оздравеле.

Така во велешко во моментот има 29 активни случаи, вкупно заразени биле 270,  досега оздравеле 227 и 14  лица починале.

Повеќето случаи се млади лица кои се заразиле на летување а потоа дел од нив ги заразиле домашните, членовите на семејството. Немаме повеќе случаи на  вработени кои работат во соседните градови, тие кластери повеќе не постојат – изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.

На Инфективното одделение при велешката Болница, до вчера, има хоспитализирано 16 лица, од нив 12 се потврдено позитивни и за четири лциа се чекаат резултати.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »