речник контакт

Одново започна постапката за рестарт на Топилницата

Со ново разубавено писмо за намери Метрудхем најавува ,,зелена оаза,, среде Велес по рестартот на Топилница

Петар Печков

        Со писмото за намери за  ,,проектот Топилница,, кое Метрудхем го испрати на почетокот од месецов до Министерство за животна средина, стартуваше повторената  постапката со која инвеститорот  ја започнува процедурата која тие очекуваат да заврши со добивање на А интегрирана дозвола.

И додека инвеститорот се обидува да ја истурка нивната цел, стручњаците  понудија нови, повторно лоши резултати од  состојбата на еко -системот во Велес.  Во обемната документација  ,,Метрудхем,, ги наведува причините за рестарт на  Топилницата, која за екологистите е разубавена и нашминкана. Екологистите која ги имаат и двата документи, писмото  за намери на Метрудхем, велат дека во новото има неколку промени кој инвеститорот  под притисок на јавноста ги избришал.

  Во претходното писмо за намери на прашањето дали нивната работа ќе предизвика здравствени проблеми, одговорот беше ,,да, кај децата кај најранлива категорија,,. Прашањето што сега треба да го одговорат е како сега тоа топилницата  нема да предизвикува повеќе вакви проблеми, без ниту едно суштинска друга промена во содржината – велат од Зелената коалиција. Тие потсетуваат дека лани за 9-ти ноември 20 илјади велешани на мирен протест рекле ,,НЕ,, за топилницата. Откако претходно, поради грешки во постапката, таа беше вратена на почеток, инвеститорот Метрудхем ветува,, зелена оаза,, за велешани.

Од нејзината работа како обоената металургија ќе има економска корист  по државата и граѓаните,  потоа во Македонија постојат неколку рудни наоѓалишта за олово и цинк со што ќе се обезбеди работа за нив, инвеститорот е воедно сопственик и на дополнителни четири  рудника за олово и цинк на Балканот, постои  веќе изградена инфраструктура и делумно употреблива инсталација. Состојбата на локацијата, инфраструктурната содржина и веќе изградените објекти ја наметнуваат постојната  локација како најдобар избор – пишува во писмото за намери за работа на топилницата.

Во него  инвеститорот констатира  дека пред почетокот со работа на обновените постројки треба да се спроведе детална ремедијација на историски загадената почва во Велес, отстранување на слојот загадена почва и нанесување на незагадена почва, која треба да ги воспостави своите природни процеси, но не посочуваат кој тоа би го работел.  Препорачуваат  депонијата  со  троска, тешка 1,7 милиони тони  постепено да се третира во постројката за фјуминг и на тој начин истата да се трансформира во неопасен отпад. Со тоа се создавале реални можности за елиминирање на историското нарушување на пределот.

Неспорно и за  инвеститорот Метрудхем и за стручњаците е дека содржините на олово и цинк во сите анализирани површински или длабински почви се над референтната вредност според холандските стандарди, бидејќи во Македонија не постои скалило за вреднување на ова загадување. Во иднина,  Метрудхем дури констатира доколку неправилно се управува со хемикалии, масла, масти, горива,  може да дојде до нарушување на квалитетот на површинските и подземните води. Наспроти желбата за рестарт на топилницата, е ставот на огромното мнозинство велешани кои не сакаат таа да проработи повторно на постојната локација. На трибина најновите податоци за историското згадување на Велес ги кажа професор Трајче Стафилов.

Почвите во Велес се критично загадени со олово, цинк и кадмиум. Иако ова е познато, зачудува што ништо не се презема за процесот на отстранување на згадената земја. Во почвата најдовме и бакар, жива, арсен но и индиум,многу скап метал но страшно отровен. Така критичното подрачја во градот е скоро 7 квадратни километри и за овој простор е нужна, неопходна, итна ремедијација. Ваквата состојба мора да се менува  а подолг период не гледам активности  со кој нешто се работи. Вертикално  загадувањето е присутно до 60 сантиметри на јавните површини, каде што децата играат, како што е Паркот, училиштен двор на ОУ Васил Главинов. Депонијата со згура е опасна по околината при евентуални кисели дождови, кои можат да се јават при работа на топилницата и емисија на сулфурдваоксид, тогаш растворливоста на елементите во згурата е извонредно голема – изјави  д-р. Трајче Стафилов професор на ПМФ во Скопје

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »