речник контакт

Одронот расчистен, но и натаму прекин на железничкиот сообраќај кон Битола

Неизвесно кога возовите повторно ќе сообраќаат

Петар Печков

Големиот одрон на  камења на пругата Велес -Битола е расчистен, но железничкиот сообраќај се уште не функционира.  Пет дена екипите на ЈП Македонски железници -Инфраструктура работеле на расчистување на големите камени блокови. Користејќи ја сопствената механизација, одронот бил расчистен, иако имало ризик и опасност по вработените. 

Одронот се расчисти, пругата е слободна за движење, но и натаму неупотреблива. Близу местото каде беше одронот, има карпа која е надвисната и е опасно за работа, за отстранување. Таа секој момент може да се сруши и се бараат решенија како да се реши. За тоа се ангажирани стручни лица, како карпата безбедно да се симне. Затоа железничкиот сообраќај до Битола и натаму е во прекин - изјави Невзат Мамути портпарол на МЖ инфраструктура.  

Тие понудиле на МЖ  Транспорт решение за возовите да продолжат да сообраќаат но да се вклучат и автобуси. Имено една композиција би возела до железничка  станица Мартолци, потоа со автобус  патниците би се префрлале до железничка станица Стари Град од каде возот би продолжувал до Битола.  

Оваа понуда за МЖ Транспорт е неодржлива, оти тие немале ниту една патничка композиција  на воз кој е ,,заробен во делницата од Битола до Богомила,,. Имало само пет товарни вагони кои се на станицата во Прилеп и тоа било се што се наоѓа во овој отсечен дел на пругата.

 Одронот  на карпи се случи минатата среда, на делницата помеѓу Мартолци и Стари град и оттогаш, железничкиот сообраќај на делницата Скопје - Битола и обратно е во прекин.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »