речник контакт

Од Нова година дежурствата во аптеките се на повик

Лекарот во Итната помош ќе решава дали ќе оди болниот во аптека по лек

Петар Печков

Од почетокот на годинава аптеките во ноќните часови дежураат по повик. Пациентите немаат повеќе можност да дојдат во аптека и набават лек кој им е неопоходен, за тоа одлучуваат дежурните лекари од Брзата помош. Оваа новина на Фондот за здравство е по барање на аптеките.

Во градовите и другите населени места каде што нема аптека со 24 часовно работно  време, дежурствата  на  ПЗУ  аптеките  со  договор  со  ФЗОМ  се  спроведуваат  по телефонски  повик  од  лекарскиот тим  од  здравствената  установа  каде се  спроведува  дежурство. Фармацевтот,  фармацевтскиот техничар од дежурната аптека по повикот  е  должен  да  издава  лекови на  рецепт  на  товар на ФЗОМ во просториите на аптеката согласно законските прописи - стои во писменото соопштение  од Фондот за здравство, упатено до подрачните единици,  ординациите на приватните   доктори и ЈЗУ Здравствени домови.   

Оваа промена е на важност од први јануари годинава. Во пракса сите аптеки, кои имат догвор со ФЗО и беа дежурни со отворени шалтери, сега ќе бидат на повик. Дежурниот доктор  од Брзата  помош  ќе одлучува   каква терапија ќе прима болниот.

Доколку не е потребна ампуларна, туку некоја друга која е според  ,,Одлуката  за  утврдување  на лековите  кои  може да ги пропишуваат лекари во дежурна служба од август 2014-тата, од страна на итната помош ќе биде телефонски повикан дежурниот аптекар, кој е должен да дојде најскоро, отвори и на пациентот му ја даде  пропишаната терапија. 

Причината поради која аптеките побарале да се дежура на повик е поради економскиот момент.  Итни случаи во ноќните часови     доаѓале малку а повеќето граѓани   купувале други секојдневни  потребштини.

Се случуваше да купуваат апчиња за главоболки, потоа млади кои купуваа презервативи или  домаќинки кои ноќта им фалело фарба за коса, заедно со ракавици за фарбање - вели аптекарка од Велес. 

АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »