речник контакт

Од вторник 15-ти мај пластични пари во апоени од 10 и 50 денари

Се повлекуваат книжните пари од 10 и 50 денари, ќе можат да се сменат во деловните банки до мај 2019-та

Петар Печков

Народната банка ќе ги повлече книжните десет и педесет денари. Нив ќе ги замени со нови, полимерни односно пластични. Од НБРМ велат дека новите пластични банкноти од 10 и 50 денари ќе ги пушти во оптек од 15-ти мај. Истовремено ќе се повлекуваат сите досегашни книжни педесетки и десетки, кои се во употреба од септември 1996-та година. Промената на старите банкноти, бесплатно ќе ја прават сите домашни банки од 15- ти мај годинава до истиот датум догодина.

Согласно со Одлука за повелкување на крнижните пари во аопени до 10 и 50 деанри, на денот кога ќе бидат пуштени во оптек книжните пари во апоени од 10 и 50 денари, изработени од полимер, книжните пари со истата апоенска вредност, коишто се во оптек од септември 1996 година престануваат да бидат законско средство за плаќање. Нив, правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги заменат со други книжни и ковани пари со еквивалентен износ. Замената на книжните пари, од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе ја вршат деловните банки основани во Република Македонија, а по овој период, замената ќе се врши во Народната банка, се наведува во соопштението.

Советот на седницата донесе Одлука од 15 април годинава да бидат пуштени во оптек ковани пари во апоен од два денари, со ознака на ковање „2018“.

- Со пуштање во оптек на овие ковани пари во готовинскиот платен промет на Република Македонија, во важност ќе бидат, паралелно, и кованите пари во апоен од два денари издадени претходно. На седницата беше донесена и Одлука согласно со која од 2 мај годинава се пуштени во оптек и книжни пари во апоен од 100 денари, со ознака за печатење „МАЈ 2018“, по што во важност ќе бидат, паралелно, и книжните пари со истата апоенска вредност издадени досега, се додава во соопштението од НБРМ.

 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »