речник контакт

Од денес 5,3 илјади вработени во Деркслмаер Македонија, меѓу нив и 800 велешани се на колективен платен одмор

Точниот почеток на производство и работа е во зависност од состојба со корона вирусот, но и развојот на настаните во автомобилската индустрија во светот, велат од компанијата

Петар Печков

Од денес, понеделник,  па во следените две седмици, 5,3 илјади вработени во ДММ Дрекслмаер  Македонија ќе седат дома. Меѓу нив се и околу 800 велешани кои работат во оваа компанија.

Овој времен одмор ќе биде платен, соопшти раководството на германската компанија која работи во Македонија, а произведува делови за автомобилската индустрија.  Таа  е еден од најголемите работодавачи во земјата. 

Поради состојбата со корона вирусот, вработените во Дрекслмајер од денес па во следните две недели се на колективен платен одмор. Фабриката во овие две недели ќе работи на технички минимум, одржување  на машини и слично.  Секако здравјето и безбедноста се на прво место, па така точниот почеток на производство и работа е во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата со ширењето на корона вирусот, како и од развојот на настаните во автомобилската индустрија и нарачките што ги добиваме од нашите клиенти - напишаа во писмениот одговор од раководството на компанијата  Дрекслаер Македонија, која се наоѓа во Кавадарци. 

АНКЕТА »

Дали граѓаните ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот, да останат дома, да има растојание кога се чека во редица пред банка, маркет?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »