речник контакт

Од кафетериите во градот се крадат гајби со празни шишиња

Во неделата наутро велешката полиција фатила две лица од Арачиново и Липково кои во нивниот автомобил имале украдени гајби

Петар Печков

Полицијата регистрира серија несекојдневни  кражби во Велес, се крадат гајби со празни флаши. Велешката полицајци во ноќта помеѓу саботата и неделата фатила двајца крадци на дело.

На 31.03.2019 во 03.30 чaсот на регионалниот пат Велес-Езеро „Младост“, при контрола на возило „Шкода фелиција“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ќ.С.(36) од село Арачиново и сопатник Љ.С.(34) од село Гошинце, општина Липково, полициски службеници пронашле предмети кои потекнуваат од кривично дело - кражба - информираа од СВР Велес. 

Во багажникот на авомоблот биле пронадјени неколку гајби со празни шишиња. Изминатиот месец во Полициска станица Велес биле пријавени од страна на сопственици на угоститлски објекти,  девет вакви кражби.

Нешто чудно се случува, празните гајби што досега ги чувавме на отворено станаа мета на кражби. Наводно се откупувале во Скопје, но исклучиво од познати брендови и гајбата и шишето. Цената била 200 до 250  денари. Четири пет гајби и ете илјадарка од вечер - вели велешки угостител. 

Двете лица биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »