речник контакт

Од кафитерија во градов, ноќеска украден мебел

Ноќеска биле украдени два двоседи и три маси

Петар Печков

Велешката полиција, денес сабота примила пријава за кражба извршена во кафитерија во градот. Истата се случила во период додека објектот бил затворен, вчеравечер до денес наутро а објектот е  еден од локалите спроти Гимназија.

На 14.03.2020 во СВР Велес било пријавено дека во временскиот период од 18.00 часот на ден 13.03.2020 година до 09.30 часот на ден 14.03.2020 година од тераса на угостителски објект на ул.„Благој Ѓорев“ биле украдени два двоседа и три клуб масички - информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Полицијата  извршила  увид работи на расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »