речник контакт

Од крајот на јули во функција е ставен против пожарниот воз на МЖ

Причина за доцнењето е што истиот се користел како хемиски, се прскало покрај пругата

Петар Печков

Од денес, понеделник   Македонски Железници Инфраструктура  го пушти во сообраќај  против пожарниот воз (ППВ), кои интервенира во случај на пожар покрај пругите на МЖ.  Еден месец подоцна од со години вообичаениот термин, кога возот се става  во функција, почетокот на јули. Причина е што истиот се користел за прскање на околината од пругите, објаснуваат надлежните. 

 Изминатиот период возот имаше хемиска намена, прскаше по околината на пругата на сите делници во земјава, превентивно, со што се отстрануваат зеленилото и тревата. Така непречено ќе се одвива патничкиот и товарен сообраќај, без можност од искрење да се запали по должина на пругата. Од денес служи за гаснење на евентуални  пожари - изјави  Петар Спасовски помошник директор за павни работи во МЖ Инфраструктура.  

Возот е со капацитет од 40 тони вода,  лоциран на Железничка станица  Велес и ја покрива територијата на пругите до Кочани, Гевгелија и Битола.  Противпожарниот воз го опслужуваат четири групи вработени железничари со противпожарен курс.  Секоја група има по три пожарникари кои дежураат 24 часа, и во секој момент обезбедена локомотива.

Освен што ќе гасат пожар покрај железничката пруга, тие можат од нивните вагони да препумпуваат вода во противпожарните возила. Така  се штеди на време но и се помага на противпожарните возила кои се на терен. ППВ ќе биде во функција до крајот на септември. Минатата година  имал само три интервенции  објаснуваат од МЖ.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »