речник контакт

Од куќа на земјоделец украдени 1,5 милион денари

Додека домаќините од Градско работеле в поле, од дома крадци им зеле евра, денари и злато

Петар Печков

Додека биле на поле, од дома крадци  им украле 1,5 милиони денари. Според СВР Велес настанот се случил  во неделата наутро помеѓу  4,30 до 7,30 часот, во  населбата Старо Градско  на ул. „Гоце Делчев“.

Во овој период додека домаќините биле на земјоделски работи во поле непознат сторител ја скинал заштитната мрежа од прозорецот и влегол во куќата на Љ.К., извршил тешка кражба. При тоа  одзел  20 илјади евра, 300 илјади денари и три златни прстени, причинувајќи  вкупна материјална штета од околу 1,5 милион денари. 

Полицијата  презема мерки за откривање на сторителот.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »