речник контакт

Од надојдената Брегалница, штети во општина Градско од 2,25 милиони денари

Од непогодата настрадаа праски, пипер, морков, зелка, спанаќ и пченица

Петар Печков

 Невремето кое во средината на март ја зафати општина Градско, причини штетата од околу 2,25 милиони денари.  Штетата е поради надојдената река Брегалница, која на    во два наврати на 11-ти и 14-ти март, забележала висок водостој од 316 односно 322 см.  

Излевањето на речното корито придонело за се поплави и  оштети дел од засадените површини кај село Уланци,  со повеќе култури: пипер, морков, зелка, спанаќ, праска, пченица.  Овие штети се регистрирани кај шест лица, на површина  од 6,6 ха. Овој извештај, кој го усвои Советот на Општина Градско, е испратен до Владата, која делумно или целосно ќе изврши обесштетување на оштетените земјоделци.  

Но ова не беше единствениот проблем кој времето им го создаде на земјоделците од општина Градско.   Ниските температури во периодот на март и април, оштетија дел до насадите. Неодамна пак , во средината на јули  Општина Градско ја зафати големо невреме со град, што оштети дел од родот.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »