речник контакт

Од најмладите со љубов

... за нивно болно другарче...

Петар Печков

 Децата од велешките градинки ,,Димче Мирчев,, во хуманитарна акција собраа 60 илјади денари. Тие се наменети за лекување на нивно болно другарче, кое веќе се наоѓа во здравствена институција.

Експонатите беа изработени од есенски плодови најмногу тикви, од шишарки, од суви гранки, дел беа новогодишни и Божикни подароци.

Хуманитарна акција под мотото ,,Хуманите сонца даруваат,, преку продажна изложба на ракотворби изработени од децата, родителите и вработените, имаше голем интерес и одлична посетеност од страна на родителите и други гости, а истата продолжува и  додека не се продадат сите експонати, така што собраните средства ќе бидат поголеми.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »