речник контакт

Од петок на Градски пазар продолжува продажбата на непрехранбени производи

Сопственици на тезгите кои продаваат текстил и железарии, ќе бидат присутни наизменично преку еден пазар

Петар Печков

Од петок, 22-ри мај продолжува продажбата на непрехранбени производи на Градскиот пазар во Велес. Повторно се враќаат  сопствениците кои нудат текстил и железарија.

Сопствениците ќе бидат присутни наизменично на еден пазар, следниот ќе паузираат, па повторно ќе работат. Тој што работел овој петок, ќе паузира недела, па ќе работи вторник. Други кои нема да работата в петок, ќе работат недела, па вторник ќе паузираат. Ова е така по барање на епидемиолозите, за  да не се создаваат редици и гужви пред овие тезги - изјавија надлежните.

И натаму пазарот во Нова населба нема да биде отворен. Градскиот пазар е отворен секој ден од 7 до 14ч. Посетителите задолжително мора да носат заштитни маски.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »