речник контакт

Од рекреативните места за празникот собрани 10 метри кубни смет

Годинава беше собран далеку помалку смет отколку во претходните години

Петар Печков

Екипите на ЈКП Дервен две дена ги чистеа локациите каде велешани и други гости го минаа празникот Први мај. Се чистеше на езеро Малдост, патеките и летниковците во околината, како и по долна Бабуна.  Од ЈКП Дервен велат дека годинава велешани  покажале висока еколошка свест.

Оставен беше смет кој вработените два дена го чистеа при што беа собрани 10 метри кубни. Ова е далеку помалку отколку претходните години - изјавија од ЈКП Дервен. 

Пластика и хартија беше најголемиот дел од сметот кој беше собран. Останува само  дилемата дали имаше помалку посетители или пак посетителите не оставија многу смет по јавните површини. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »