речник контакт

Олимпискиот оган мина и низ Велес, ама пред 30 години

Ексклузивни Фотографии од овој историски момент, кој многумина го посакуваат ама малкумина го доживуваат. Благодарност до донаторот на овие фотографии, кои се дел од историјата на градот

Петар Печков

На 2-ри февруари 1984 година низ Велес, тогаш Титов мина факелот на  Олимпискиот оган. Овој историски момент беше поради тоа што Сараево таа 1984 година беше домаќин на Зимската Олимпијада, па  на  патот од Атина до Сараево, низ Велес мина факелот со олимпискиот оган.

 Овој момент е историски и сон  на сите спортисти. Тешко или малку возможно дека тој ќе биде доживеан повторно, оти реално шансите Македонија да биде домаќин на Олимписки игри се очајно мали, во децимали.

 Факелот го донесе во салата 25 мај Сашко Атанасовски, член на ОК Борец и  спортист на градот на  годината за 1983 година.

Благодарност до донаторот на овие фотографии, кои се дел од историјата на градот.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »