речник контакт

Оновците во посета на локалната власт

Ученици од четврто одделение од ООУ ,,Блаже Конески“ кои го изучуваат предметот Запознавање со општеството, со своите наставнички дојдоа да видат и да се запознаат со работата на општинските власти

Петар Печков

Денес  општината ја огреа сонце од детски насмевки , велат од локалната самоуправа. Дошле осумдесетина ученици од четврто одделение од ООУ ,,Блаже Конески“ кои го изучуваат предметот Запознавање со општеството. Со своите наставнички дојдоа да видат и да се запознаат со работата на Градоначалникот, Советот на општината и воопшто со работата во општината.
 
 Детската радозналост немала крај.Поставиле многу прашања до градоначалникот, кога му е приемен ден, што работи, како функционира Советот на општината, колку жители има општината, колку мажи колку жени, за химната , за грбот на општината, за маскотата , за заштитниот знак, за симболот на општината,разговараа за спортот,  за на крајот  со песна да пренесат   порака  за мир , радост и среќа. 

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »