речник контакт

Опозицијата бара разрешување на претседавачот Коциќ, тој вели им пречам оти работам чесно и законски

Несогласувањето започна по прекинот на 46-ата седница на Советот, одржана во петокот

Петар Печков

Советниците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ бараат разрешување на претседателот на Советот на Општина Велес, Ненад Коциќ. Тој пак им одговори, работам чесно и по закон, затоа им пречел.

Согласно Законот за Локална Самоуправа, Статутот и Деловникот за работата на Советот,  како Советничка група поднесуваме иницијатива за вонредна седница, со една точна на дневен ред - Разрешување на Претседател на Совет. 46-тата седница која беше закажана за петокот со почеток во 11:00 часот, повторно почна 2 часа подоцна, без никаква најава, без никакво образложение од страна на претседателот. И повторно по кратка работа дадена е пауза од 15 минути, која повторно без никаква најава и образложение траеше околу 3 часа. Период во кој претседателот по којзнае кој пат не успеа да обезбеди кворум и мнозинство за работа. Нецелосни материјали за седница, доцнење на седниците, одложување, прекинување без никаква најава и образложение се воспоставена пракса на работа на Коциќ. Така без никаква најава и образложение одненадеж ја прекина  петочната седница и ја напушти салата глув на нашите прашања и предлози за продолжување - кажа Нада Трајкова, координатор на советничката група на ВМРО-ДПНМЕ. 

Таа побара советот да работи редовно, ефикасно и транспарентно, решавајќи ги проблемите на граѓаните, за да констатира, дека  по  само неколку седници со Ненад Коциќ како претседател тоа не било  можно. 

Тој пак им одговори дека работи чесно и по Закон, и затоа им пречел на опозицијата.

Седницата ја прекинав оти  имам одговорност за функционирање и придржување кон Законот за локална самоуправа, Статутот и Деловникот за работа на Општина Велес. Се додека јас одговарам и потпишувам за работата на Советот, јас одлучувам дали и кога ќе се прекине седницата. Ми забележуваат за доцнењето на почетокот на седниците. За тие да започнат треба да се одржат комисиите.  Нив ги закажувам ден пред одржувањето на седницата, но претседателите ги презакажуваат, на денот од седницата, пред нејзиниот почеток, за да не се губело од работните обврски. Затоа секогаш ќе се доцни оти комисиите доцнат со нивната работа. Тоа не е моја вина. Забелешката дека материјалите за седниците не биле целосни не држи, оти не ги подготвувам јас, туку општинската администрација и не одговарам за нивната работа.  Да ја објаснам генезата зошто се бара мое разрешување. Најавата дека ќе барам промена на Деловникот со која присуството на комисиите ќе биде задолжително  како и задолжително присуство на седниците со најмалку 50 отсто на точките на дневен ред, тоа ли ви пречи. Координаторката на опозицијата ова не го прифана. Бива ли да не се иде на комисии, да се доаѓа на две -три точки на седница и да се земаат парите, 70 отсто од просечно исплатена плата лани. Некои од советниците на опозицијата за две години, немаат пет седници  седено  - изјави Коциќ. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »