речник контакт

Опозицијата обвинува - селата се без лекари

Власта вели 11 села се посетени од рурален доктор

Петар Печков

Опозицискиот СДСМ реагираше на тоа што дел од поголемите велешки села, но и во пошироко окружување се без континуирана и постојана лекарска грижа. Тие како пример го посочија селото Иванковци, кое до пред некоја година имаше доктор, но сега нема.

Жителите на село Иванковци се уште не можат да добијат соодветна здравствена заштита, бидејќи во селото нема ниту лекар. Иако во селото има објект за амбуланта, лекар нема. За редовни прегледи, за контроли и други основни здравствени услуги, жителите на ова село се приморани да патуваат до Велес и дополнително да трошат пари и време. Иванковци е само едно од повеќето велешки села на кои им е оневозможено да имаат лекар и основни здравствени услуги. Недозволиво е во село како што е Иванковци во 21 век, властите да не обезбедат ниту еден лекар кој континуирано ќе се грижи за здравјето на граѓаните – изјави Весна Богоевска Стојанова.  

Пред извесен период и  жителите од село Бузалково се жалеа што немаат доктор. Тие велат дека за секој преглед мораат да патуваат до Велес. Селото имало амбуланта, но од пред некоја година таа е затворена.  

На оваа прес конференција реагираа од локалната власт.  Од таму потсетуваат дека е воведен ,,рурален доктор,, кој ги посетува селата и така  здравствено се згрижени дел од жителите по селата.

За елементарното непознавање на работите од страна на СДСМ ќе им предочиме дека руралниот лекар посетува 11 населени места во општина Велес. Тој проект претставува еден од проектите за кои граѓаните имаат најпозитивно мислење, затоа што дури во 11 населени места сега имаат примарна лекарска заштита, нешто што во времето кога СДСМ беше на власт го немаа.  Во последните години извршена е реконструкција на Општата болница во Велес, набавена е опрема во вредност од 1,7 милиони евра, реконструирана е болницата за белодробни заболувања во Јасеново, нова опрема има и за ЈЗУ Здравствен дом од Велес и за Центарот за јавно здравје – стои во писмената информација на  Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »