речник контакт

Определени дефицитарните занаети на територијата на Општина Велес, како и субвенција за нив

Советот освен кој се дефицитарни занаети одлучи дека можат да добијат по 15 илјади денари. Листата на дефицитарни занаети во велешко

Петар Печков

Советот на Општина Велес едногласно донесе одлука за  субвенција на дефицитарни занаети, кои постојат на територијата на општината.  Помошта е во висина од 15 илјади денари. 

Беше донесена и одлука кои се дефицитарните занаети во велешко, а  согласно податоците од Регионалната Занаетчиска Комора – Велес.

Со оваа одлука се определуваат како  дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање: грнчари, ковачи, опинчари, јажари, крзнари, шапкари, свеќари, венци, корпари, копчари, кујунџии, каменорезачи, клучари, саатчии, ткајачи, кондураџии, фурнаџии – фурна на дрва, рачна изработка на сита, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти, резба на дрво и бакар, пирографија, изработка на народни носии, домашна ракотворба, ракотворби - изработка на сувенири и производи од хартија.

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »